Хоспитализирани 1225 пациенти со корона, слободни 100 кревети

Инфективна клиника, Ковид- 19 амбуланта. Илустрација.

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава и инфективните оддели во Скопје е 1.225. Според министерството, има колку 100 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од министерството велат дека треба да се има предвид оти бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Оттаму додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

„И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, потенцираат од министерството.