Косовската претседателка позитивна на Ковид-19

Вршителката на должноста претседател на Косово и претседателка на косовското Собрание, Вјоса Османи

Вршителката на должноста претседател на Косово и претседателка на косовското Собрание, Вјоса Османи е заразена од Ковид-19. Таа на нејзината страница на Фејсбук наведе дека поради контакт со блиски кои се заразени од корнавирусот, го извршила тестирањето и резултатот бил позитивен.

Османи најави дека во наредните две недели работните обврски ќе ги извршува од својот дом, а состаноците ќе ги одржува онлајн.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата во моментот има 11.768 активни заболени лица. Досега болеста ја совладале 17.878 лица, а починале 849 лица.