Пратениците со ковид или во изолација ќе работат онлајн

Талат Џафери

Собранискиот спикер Талат Џафери соопшти дека со дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието ќе им се овозможи онлајн работа само на пратениците со позитивен тест за Ковид-19 или со решение за изолација. Прелогот е поднесен по скратена постапка, а опозицијата во изминатиот период се противеше на идејата за „далечинско работење“ на пратениците.

Во моментов шестмина пратеници не се во можност да учествуваат во работата на Парламентот поради Ковид-19. Спикерот за измените на Деловникот веќе има неформални контакти со пратениците во однос на предлогот и ќе чека пратеничките групи и формално да се изјаснат пред да се стави на седница.