Министерство за економија со буџет од 826 милиони денари во 2021 година

Крешник Бектеши

Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, денеска информираше дека буџетот на Министерството за економија за 2021 година е предвидено да изнесува 826 милиони денари, од кои 130 милиони денари се предвидени
за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари се наменети за капитални расходи, а 190 милиони денари за субвенции.

Како што рече на денешната прес-конференција во Владата, во 2021 година е предвидено да се реализираат сите програми и мерки на Министерството за што се предвидени 47 милиони денари за програмата за енергетска ефикасност, 13 милиони за за субвенции за приватни претпријатија, 50 милиони за поддршка на претприемништвото, 13 милиони денари за субвенции за вградување на уред на погон на ТНГ метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, 140 милиони за изградба на гасоводната
мрежа, а ќе продолжи и поддршката за домашниот туризам.