Заев парите од наградата за човекови права ќе ги донира против ковид 19

Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев на кој попладнево во Берлин му беше врачена наградата за човекови права за 2020 година на Фондацијата „Фридрих Еберт“ потенцираше дека парите од наградата ќе ги донира во нашиот државен здравствен солидарен фонд во борба против Ковид 19.

Дополни дека имаме одличен план во борбата не само со вирусот туку и сите импликации кои тој ги носи.

"Верувајќи во мултилатералниот пристап успеавме да се дигнеме над проблемите и заедно со нашите партнери во Европската Унија и НАТО да почнеме да закрепнуваме. И во сите тие услови рековме дека е време за дијалог за сите отворени прашања"изјави Заев и дополни:

"Да потсетам на двата клучни договори кои ги постигнавме со нашите соседи и со кои историјата ја искористивме како алатка за градење на иднината, за создавање на нови мостови на соработка. Човековите права и правото на самоопределување на секој граѓанин не може да бидат предмет на дипломатски преговори и договори. Тие се потврдени и гарантирани принципи на меѓународното јавно право и придобивките од истото. Затоа непобитен е фактот дека македонскиот јазик и македонскиот народ се реалност" рече Заев.

Оваа награда ја посвети на сите генерации кои ја градеа и градат државата, и на секој кој дал придонес во формирањето цврсти темели на мирот и слободата.