Во Париз средба меѓу Макрон и Помпео

Државниот секретар на САД Мајк Помпео во Париз

Државниот секретар на САД Мајк Помпео денеска во Париз на почетокот на турнејата низ Европа и Блискиот исток ќе разговара со шефот на француската дипломатија Жен Ив Ле Дријан, а ќе биде примен и претседателот на Франција Емануел Макрон. Помпео е на тешка турнеја по седум земји чии лидери веќе му ја честитаа победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

Трамп - Ништо не признав

Целта на неговата турнеја, како што е соопштено во Вашингтон, е зајакнување на политичките приоритети на администрацијата на Доналд Трамп: антикинеска и антииранска политика , а како и поддршка за Израел тој ќе ги посети местата населени од Евреите на палестинскиот Западен брег, што претходните државни секретари ги избегнуваа. Палестинските власти ја опишаа намерата на Помпео како „опасен преседан“. Шефот на американската дипломатија, како и претседателот Трамп и поголемиот дел од нивната републиканска партија, не ги признаа резултатите од изборите во Америка. По пристигнувањето во Франција, Помпео вчера дипломатски изјави дека Франција е „најстариот пријател и сојузник“ на Соединетите држави.