МЗ - Во болница се лекуваат 1111 пациенти со ковид, слободни кревети има

Од Министерството за здравство(МЗ) информираат дека во болниците низ земјава вкупно се лекуваат 1111 пациенти, кои се позитивни и суспектни на коронавирусот. Заклучно со вчерашната статистика, бројот на активни случаи со ковид во земјава изнесува 17.800 случаи.

Во инфективните оддели во болниците во главниот град се лекуваат 410 пациенти потврдени и сомнителни на ковид- 19.

„Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, велат од Министерството.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 74 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 97 пациенти, во Прилеп 93, во ковид-центарот во Гостивар 40, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 17 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Од Министерството велат дека треба да се има предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Од Министерството за здравство потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.