Почина Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија

Вељо Тантаров.

Во Битола синоќа почина Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија. Toj e роден 1942 година во пелагониското село Новаци.

Тантаров во периодот на својата политичка активност (1994-1998 г.) ја вршеше функцијата пратеник во македонскиот парламент, а во изминатиот период се до смртта, беше претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија.

Вељо Тантаров ќе биде погребан денеска во 12.30 часот во семејната гробница на гробиштата во село Новаци.