Времето денеска: облачно, по котлините магла

Претпладне со умерена до значителна облачност, по котлините магливо. Од попладневните часови облачноста ќе се намали, а маглата ќе ослабе. Во повисоките планински подрачја претежно сончево преку целиот ден. Наместа ќе дува слаб јужен ветер. Дневната температура ќе биде од 11 до 17 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 13 степени