Политичари, земјотреси, пушки и ѓубре

СЕВРНА МАКЕДОНИЈА - Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека вчера, биле приведени две лица од кичевското село Србица и била запленета поголема количина на оружје.​

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, во 5 часот изутрина бил регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. На пладне беа регистрирани уште два - 3,4 и 3,6 степени, а попладнето околу 15.15 часот уште еден со јачина од 4,9. Сите биле со епицентрално подрачје во националниот парк Маврово.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Министерството за животна средина денеска информираше дека на вчерашната владина седница била усвоена Предлог-измената на Законот за прекршоци со која се предвидуваат до 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина.

САД -Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, вели дека светот треба да биде уверен дека ќе има мирен трансфер на власта во Соединетите држави, дури иако тој одби да го признае избраниот претседател Џо Бајден за победник на изборите.

ЕРМЕНИЈА - Ерменската полиција се судри со демонстрантите кои се собраа во главниот град Ереван во време на гнев поради одлуката на премиерот Никол Пашинин да потпише договор со Азербејџан за да се стави крај на повеќе од шест недели борби за отцепениот регион Нагорно-Карабах. Илјадници демонстранти го исполнија централниот плоштад Слобода во Ереван и покрај забраната за улични митинзи.

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обидите да се изврши притисок од странство“ во Белорусија, Киргистан и Молдавија се неприфатливи. Отворајќи го Интернет самитот на Шангајската организација за соработка, Путин рече дека Белорусија е под притисок на надворешните сили.

ШВАЈЦАРИЈА - Бројот на нови ковид-позитивни случаи во светот минатата недела се зголеми за повеќе од 3,6 милиони, што е најголем број за една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација

БЕЛГИЈА - Европската унија нема да учествува на конференцијата за враќање на бегалците во Сирија на 11 и 12 ноември организирана од таа земјата со поддршка на Русија, бидејќи условите за учество во ЕУ сè уште не се исполнети, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Сириските власти го поканија Борел, како и министри за надворешни работи на неколку земји на ЕУ да учествуваат на конференција за враќање на бегалците.

ТУРЦИЈА - Турција ќе го контролира прекинот на огнот во Нагорно Карабах заедно со Русија, е објавено во Анкара по телефонскиот разговор меѓу претседателите Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин.