39 пратеници влегоа во интерпартиска група за борба со загадувањето

Илустрација - Седница на Собранието на Република Северна Македонија

На иницијатива и во организација на граѓанското здружение О2 Иницијатива, формирана е интерпартиската парламентарна група, која како цел ќе ја има заштитата на природата и борба против загадувањето и климатските промени. Во парламентарната група се вклучија 39 пратеници од 9 политички партии од новиот состав во Собранието.

Интерпартиската парламентарна група денеска заедно со претставниците на граѓанското здружение О2 Иницијатива ја имаше и првата средба, на чија агенда беа измените во законот за прекршоци, како и несправувањето со аерозагадувањето и недостигнувањето на граничните вредности за PM10 согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и после 9 години од законскиот рок.