Запленето големо количество оружје во кичевско, 2 приведени

Запленетото оружје во кацијата на МВР во кичевско, 10 ноември 2020

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека вчера, биле приведени две лица од кичевското село Србица и била запленета поголема количина на оружје.

„Врз основа на претходна обезбедена наредба за претрес на дом од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, се извршени претреси во дом и помошни простории на Х.И. (27) и А. И.(52), син и татко, во село Србица.
При претресите пронајдени и одземени се четири автоматски пушки „калашников“, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитролез со добош за муниција, два митралеза од кои еден митралез
марка М 53, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постолје, цевка од тежок митролез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3500 куршуми 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети“, се вели во соопштението на МВР.

Полицијата презема, како што вели, мерки за расчистување на овој случај.