Апсења и судири со полицијата на протестите во Ереван

Фотографија од синоќешните протести во Ереван по потпишувањето на договорот со Азербејџан за Нагорно Карабах со посредство на Русија

Ерменската полиција се судри со демонстрантите кои се собраа во главниот град Ереван во време на гнев поради одлуката на премиерот Никол Пашинин да потпише договор со Азербејџан за да се стави крај на повеќе од шест недели борби за отцепениот регион Нагорно-Карабах. Илјадници демонстранти го исполнија централниот плоштад Слобода во Ереван и покрај забраната за улични митинзи.

Толпата скандираше „Никол е предавник“ среде обидите на полицијата да го спречи собирот. Голем број учесници беа приведени, вклучувајќи го и Гагик Царукијан, лидерот на опозициската Партија на просперитетна Ерменија (БХК), за што на Фејсбук објави Хрипсиме Аракелијан, член на партијата.

Пред демонстрациите, владата ја предупреди опозицијата да не се обидува со „државен удар“, бидејќи расте тензијата откако Пашинијан потпиша договор со посредство на Русија за прекинување на борбите меѓу Азербејџан и етничките Ерменци во и околу Нагорно Карабах.