Франција и Германија се за ревизија на Шенген зоната

Емануел Макрон и Ангела Меркел

Франција и Германија се за построги гранични контроли на Европската унија за справување на она што претседателот Емануел Макрон го нарече „закана од тероризам“, откако осомничени исламистички милитанти убија осум лица во Париз, Ница и Виена за еден месец. Нападите повторно го насочија вниманието на ЕУ кон верскиот екстремизам, кој се најде на врвот на политичката агенда по поразот на силите на Исламска држава на Блискиот исток во 2017 година. Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел изјавија дека на европската проблематична Шенген зона на отворени граници и треба итно решавање.


Австрија призна дека не успеала да го следи предупредувањето од Словачка

„Заканата од тероризам ја оптоварува цела Европа. Ние мора да одговориме“, рече Макрон откако разговараше за ова прашање со Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц и високи претставници на ЕУ. „Да се реформира Шенген значи да се овозможи слободно безбедно движење“, оцени тој. Меркел застана на страната на Макрон во барањето за построги контроли по должината на надворешната граница на Шенген зоната, која обединува 26 земји.