ЕУ одби да учествува на конференцијата за враќање на бегалците во Сирија

Жозеп Борел

Европската унија нема да учествува на конференцијата за враќање на бегалците во Сирија на 11 и 12 ноември организирана од таа земјата со поддршка на Русија, бидејќи условите за учество во ЕУ сè уште не се исполнети, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Сириските власти го поканија Борел, како и министри за надворешни работи на неколку земји на ЕУ да учествуваат на конференција за враќање на бегалците.

Лидерите на ЕУ повикуваат на дијалог меѓу заедниците и религиите

„Сегашните услови во Сирија не фаворизираат доброволно враќање на бегалците во големи размери, односно во услови на безбедно и достоинствено враќање во согласност со меѓународното право“, оцени Борел. Неколку милиони луѓе ги напуштија своите домови од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година. Меѓу нив има повеќе од 5,5 милиони луѓе кои избегале во други земји, претежно соседни, оценува Високиот комесаријат на ОН за бегалци.