Нови 947 позитивни на коронавирус, 30 починати

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта.

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 947 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.042 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се зголеми на 41.222 лица. Починати се 30 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава во моментов е 1.186 лица.

Во моментов во земјава има 15.116 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Излекувани од почетокот на епидемијата се 24.920 лица. Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 530, а потоа следуваат Прилеп со 38, Куманово 30, Тетово 54, Велес 22 и Битола 43, Охрид 43... Денеска Институот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти. Досега во Северна Македонија направени се вкупно 275.934 тестирања на Ковид-19.