Москва воведе двомесечни рестрикции поради ширењето на Ковид-19

Илустративна фотографија.

Московските власти денеска објавија дека воведуваат двомесечни рестрикции во рускиот главен град, во обид за спречување на ширењето на коронавирусот.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин нареди кфулињата, рестораните , баровите и ноќните клубови да бидат затворени меѓу 23 часот и шест часот наутро и наставата на универзитетите да се одвива онлајн, ренесува АП.

Се ограничува и бројот на граѓани во театрите и кината, а откажани се бројни културни и забавни случувања.

„Од 13 ноември до 15 јануари, бројот на граѓани во театрите, кината и на концертите ќе биде ограничен на една четвртина од вкупниот капацитет“, рече Собјанин.

Русија е погодена од нов бран на епидемијата на коронавирусот од септември, додека дневниот број на заразени се зголеми на повеќе од 20.000 луѓе оваа недела.

Руските здравствени работници денеска соопштија дека во изминатите 24 часа се забележани 20.977 новозаразени, од кои 5.902 во Москва.

Вкупниот број на заразени ширум Русија исто така се зголеми на 1,8 милиони.

Владината работна група за борба против коронавирусот регистрираше повеќе од 31.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата, пренесува АП.

Мееките ќе бидат на сила до 15 јануари.