Лидерите на ЕУ ќе разговараат за иницијатива против исламистичкиот екстремизам

Емануел Макрон и Себастијан Курц, архивска фотографија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе учествува во видео разговор со други европски лидери за иницијативата против исламистичкиот екстремизам. Претходно францускиот претседателот Емануел Макрон во Париз ќе разговара со австрискиот канцелар Себастијан Курц пред двајцата лидери преку видео врска да разговараат со лидерите на Германија и на Европската унија. Австрија и Франција беа погодени од смртоносни напади во последните неколку недели, кои нивните лидери ги опишаа како „терористички“ акти.

Австрија ги затвори џамиите во кои често доаѓал напаѓачот од Виена

За терористичкиот напад во Виена во минатата недела во кој загинаа четири лица, а повеќе од дваесет беа повредени одговорноста ја презеде групата Исламска држава. Австриските власти напаѓачот, кој подоцна беше убиен, го идентификуваа како 20-годишникот Кујтим Фејзулаи кој имал двојно државјанство на Австрија и на Северна Македонија.


Напаѓачот во Ница, 21-годишен туниски мигрант

Во францускиот град Ница пак, напаѓач со нож уби три лица во црква во францускиот град Ница, пресекувајќи му грло на најмалку едно лице, во инцидент што ги натера француските обвинители да отворат истрага за тероризам. Станува збор за 21-годишен Тунижанец кој пристигнал во Европа пред само неколку недели.