Украинскиот претседател Зеленски позитивен на Ковид19

Архивска фотографија- украинскиот претседател Володомир Зеленски држи говор во украинското Собрание

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска претседателскиот кабинет.

"Шефот на државата се чувствува добро и ќе продолжи да ги извршува своите обврски од самоизолација“, се наведува во соопштението.
Неколку минути по оваа објава и шефот на неговиот кабинет Андриј Јемарк исто така објави дека е позитивен на коронавирусот.

Претходно денеска Зеленски најави дека е можно Украина да воведе локдаун за викенди во обид да го спречи ширењето на вирусот и дека таков потег не би имал сериозно влијание врз економијата.

Инаку, во земјата се регистрирани 8 687 случаи во последните 24 часа, со што вкупната бројка на инфицирани од почетокот на епидемијата досега изнесува 460 331, а на починати 8 450.