Транспаренти, сопки, војници...

РУСИЈА - Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Вадимир Путин, денеска изјави дека ќе ги чека конечните официјални резултати, за да даде коментар за изборите.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Решение на проблемот меѓу Скопје и Софија е предуслов за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу земјава и Европската унија која требаше да се одржи во декември. Ова го потврди германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, по самитот на Берлинскиот процес со кој претседаваа Бугарија и Северна Македонија, а се одржа онлајн поради пандемијата со коронавирусот.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на порта Македонија во центарот на Скопје, постави транспарент со бројки, кои, според нив, ги покажуваат, како што велат, резултатите од несправувањето на власта со ковид пандемијата. По поставувањето на транспарентот, прес-конференција кај портата одржа партискиот портпарил Наум Стоилковски.

ГРЦИЈА - Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји и одлуката за ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, грчката Влада ги продолжи до 30 ноември, јави МИА од Атина.

ГРУЗИЈА - Полицијата употреби водени топови во близина на канцеларијата на Централната изборна комисија на Грузија за да ги растера демонстрантите кои бараа оставка од шефот на комисијата и нови парламентарни избори.

САД - Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден почна да го формира неговиот тим за транзиција и рече дека денеска ќе објави дека ќе формира работна група на советници за борба против пандемијата на коронавирусот, која повторно се зголемува во САД.

КОСОВО - Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи денеска го имаше своето првично судење под обвинение за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Пред судот се појави и поранешниот член на ОВК, Јакуп Красниќи, обвинет за злосторства против човештвото во Косово и Албанија во периодот 1998-1999 година.

РУСИЈА - Руската армија соопшти дека еден нејзин војник убил три лица во воена воздушна база на западот на земјата. Инцидентот се случил во регионот Воронеж, денеска рано наутро, се вели во соопштението на прес-службата на Западниот воен округ.