За 24 часа 306 пријави за неносење заштитна маска за лице

Илустрација

Министерството за внатрешни работи претпладнево соопшти дека на територијата на Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 306 прекршоци во текот на изминатото деноноќие .

Министерството во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Носењето лична заштита за лице е задолжително и на отворено, а здравствените власти апелираат за правилно носење на маските, односно носење и врз устата и врз носот.