Во Грузија полицијата со водени топови против демонстрантите

Протести во Грузија

Полицијата употреби водени топови во близина на канцеларијата на Централната изборна комисија на Грузија за да ги растера демонстрантите кои бараа оставка од шефот на комисијата и нови парламентарни избори. Новинарите на РСЕ на теренот на 9 ноември изјавија дека не слушнале предупредување пред полицијата да ги употреби водените топови врз неколку стотици демонстранти кои ветија дека ќе останат пред зградата на ЦИК додека не бидат исполнети нивните барања. Грузискиот закон предвидува полицијата да ги предупредува цивилите пред да користи водени топови.

Опозицијата во Грузија повика на протести по парламентарните избори

На 2 ноември, Давит Бакрадзе, лидер на опозициската партија Европска Грузија, рече дека парламентарните избори во земјата на 31 октомври „не беа ниту слободни ниту фер“ и дека неговата партија не ги прифаќа официјалните резултати. Претходно Обединетото национално движење, најголемата опозициска партија во земјата, исто така ги отфрли изборните резултати, со кои владејачката партија Грузиски сон освои третата последователна изборна победа. Грузиски сон, основан од милијардерот Биџина Иванишвили, имаше 48,15 проценти, додека Обединетото национално движење 27,14 проценти, а Европска Грузија беше трета со 3,78 проценти. Се претпоставува дека одѕивот бил 56 проценти.