Продолжуваат антивладините протести во Белорусија

Во центарот на Минск има многу полиција, а безбедносните сили приведоа неколку лица само неколку минути по почетокот на протестот.

Во Минск и денеска се собраа антивладини демонстранти. Во земјата 13 недели по ред има протести на кои се бара оставка на Александар Лукашенко и нови избори. Луѓе протестираат од 9 август, кога се одржаа претседателските избори во земјата, за кои опозицијата и нејзините поддржувачи сметаат дека се наместени. Денешниот протест се одржува под мотото „Маршот на демократијата“. Учесниците вејат црвено-бели знамиња и носат чадори кои станаа симбол на опозицијата.
Во центарот на Минск има многу полиција, а безбедносните сили приведоа неколку лица само неколку минути по почетокот на протестот.

Од утрово во главниот град е ограничен пристапот до интернет на мобилните телефони. Неколку метро станици во центарот на градот се затворија еден час пред протестот, повикувајќи се на „безбедноста на патниците“.

Денешниот протест доаѓаа откако полицијата приведе десетици медицински лица кои протестираа, а не го пријавиле протестот против Лукашенко претходниот ден. Околу 60 лекари и други здравствени работници кои вчера се собраа на протест беа однесени во полициски станици, објави групата за човекови права „Вјасна“.