Голем број нови случаи на коронавирус на Балканот

Здравствени работници во загрепска Арена, која е претворена во ковид-болница

Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 2.399 нови случаи на заразени со ковид-19, соопштија тамошните здравствени власти. Бројот на активни случаи во Хрватска изнесува 15.542, што е за 45 помалку од вчера. Во изминатите 24 часа починале 35 луѓе, со што вкупниот број на жртви се искачи на 752. Тоа е највисока дневна бројка на починати од почетокот на пандемијата. На болничко лекување се наоѓаат 1.330 луѓе, а на респиратор се 128. Од почетокот на епидемијата во Хрватска има регистрирано 64.704 заразени, од нив 48.410 се опоравиле. Во самоизолација има 31.642 луѓе.

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се потврдени 1 784 луѓе заразени со коронавирусот, од тестирани 3091. Починале 31 пациент. Во земјата досега се регистрирани 38.672 заразени од ковид-19, од нив излечени се 21.473 пациенти, а 920 починале.

Во Словенија, се потврдени 1612 нови случаи на заразени во последните 24 часа, а починале уште 27 луѓе, објави Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа биле направени 6340 тестови. Од почетокот на епидемијата во Словенија, заразата е потврдена кај 44.270 луѓе, од кои во моментов активни се 22.979 луѓе. Досега починале 524 лица. Во болниците се лечат 1084 луѓе.