Санкциите на ЕУ за Лукашенко и неговиот син

Белорусија.Александар Лукашенко,

Европската унија денеска официјално воведе замрзнување на имотот и забрана за виза на Александар Лукашенко, неговиот син и советник за национална безбедност Виктор Лукашенко и за уште 13 други високи белоруски функционери за прогон на противниците пред и по претседателските избори на 9 август во Белорусија.

Официјалното образложение за санкциите на Лукашенко, според официјалниот весник на на ЕУ, е дека блокот го смета за „одговорен за насилната репресија од државниот апарат извршена пред и по претседателските избори во 2020 година, самоволни апсење, злоупотреба на мирните демонстранти и насилство врз новинарите “.

ЕУ даде зелено светло за санкции за Лукашенко и за неговиот син

Илјадници луѓе се уапсени низ Белорусија по изборите во август, на кои Лукашенко прогласи победа. Ова е негов шести последователен мандат.

Повеќето од лидерите на опозицијата во земјата се уапсени или принудени да ја напуштат земјата, вклучувајќи ја и претседателската кандидатка Свјатлана Цихануаскаја, која се смета себе си за вистински победник на изборите.