Бајден се поблиску до победа на претседателските избори

Џо Бајден

Броењето на гласовите во клучните државите оди во корист на поранешниот потпретседател Џо Бајден кој е поблиску до победата на претседателските избори во САД. Во меѓувреме актуелниот претседател Доналд Трамп го нападна демократскиот просец во земјата со неиздржани тврдења. Во три од четирите клучни држави каде што сè уште нема победник, маргините помеѓу двајцата кандидати се заострија. Бајден му се приближи на Трамп во Пенсилванија и Џорџија - каде што јазот на гласовите се намали на 1.902 - додека ги задржа тесните предности во Невада и Аризона, приближувајќи се кон обезбедување на 270 гласови во Изборниот колеџ што го одредува победникот.

Републиканците ги намалија надежите на демократите за мнозинството во Сенатот

Трамп кој, доколку сегашниот тренд продолжи, се соочува со тежок пат да ја задржи Белата куќа обвини, без да обезбеди никакви докази, за измама во државите од каде сè уште доаѓаат резултати и се закани со правна постапка низ целата земја. Со досега 253 гласачи во Изборниот колеџ, сите погледи се насочени кон пребројувањето на гласовите во Пенсилванија, каде што Бајден продолжи да му се приближува на Трамп. Бајден ќе стане следниот претседател ако ја освои Пенсилванија, или две држави од тројката: Џорџија, Невада и Аризона. Трамп пак треба да ги задржи предностите во Пенсилванија и Џорџија.

Изборниот штаб на Трамп бара да се запре пребројувањето на гласовите во Мичиген


Како одговор на заострувањето на изборната мапа, кампањата на Трамп започна со наплив на правни активности предизвикувајќи го процесот на пребројување, притоа ставајќи сомнеж во резултатите од изборите. Штабот на Трамп, исто така, побара да се покрене случај во Врховниот суд на САД, оспорувајќи го правилото на Пенсилванија што и дозволува на државата да ги брои гласачките ливчиња по пошта кои ќе пристигнат до три дена по денот на изборите. Правните маневри се случуваат кога претседателот, кој за време на долгата кампања континуирано го напаѓаше интегритетот на системот на гласање во земјата, дава неаргументирани тврдења за измама во гласањето. Трамп сака да не бидат преброени сите гласови добиени по затворањето на избирачките места на 3 ноември. Постојат судски пресуди со кои се дозволува пребројување на тие гласови во државите каде што тоа го дозволува локалното законодавство. На брифингот во Белата куќа тој уште еднаш тврдеше, без докази, дека демократите „се обидувале да ги украдат изборите“. „Сметаме дека ќе има многу судски спорови“, рече Трамп