Собранието утре ќе расправа за изборот на Кацарска за уставна судијка

Судијката Добрила Кацарска.

Собранието утре ќе ја продолжи расправата за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд , отккао денешната расправа беше прекината некаде пред 18 часот. Претседателот на Собранието Талат Џафери продолжението на седницата го најави за утре во 12 часот.

Инаку на дебатата на собраниската седница изминативе денови за предлоги изборот ја прекинаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои обвинија дека ова е „награда од Зоран Заев за Кацарска.“

Тие станаа од своите места и застанаа пред говорницата држејќи транспаренти на кои пишуваше „Кацарска извршител на мафијата“, „Кацарска значи неправда“, а пратениците носеа маици со ликот на Кацарска.

Тие исто така обвинија дека „ова е уште еден доказ“ дека продолжува мешањето на извршната во судската власт и дека премиерот Зоран Заев „продолжува да ги наградува успешните судии.“

Претседателот на Собранието Талат Џафери тогаш свирењето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го нарече инвентивно и го квалификува како напредок од „времето на тенџерињата“.

„Ова е демократија. Дајте ми барем и мене свирче. Се надевам дека Европската комиисја ова ќе го нотира во следниот Извештај како слобода на изразување“, истакна Џафери.