Документи, обвиненија, признанија...

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, врз основа на Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армијата на Република Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба, и нареди на армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА / БУГАРИЈА - БЕЛГИЈА - ЕУ ја подготви преговарачката рамка за Македонија, и според документот до кој дојде РСЕ, јазикот останува македонски, добросоедските односи суштински за проширувањето, но ги нема барањата на Бугарија за дефинирање на македонската нација и македонскиот јазик.

КОСОВО - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по оставката, самиот отишол во седиштето на ЕУЛЕКС, откако поднесе оставка од функцијата претседател по потврдата на обвинението за него од Специјалниот суд во Хаг.

ГРЦИЈА - Почнувајќи од сабота, Грција воведува тринеделен национален карантин, за да се запре ширењето на коронавирусот, соопштија властите.

НАГОРНО КАРАБАХ - И Азербејџан и Ерменија објавија за нови борби во и околу Нагорно Карабах, со тоа што секоја страна ја обвинува другата, бидејќи се намалија надежите за продолжување на преговорите за прекин на огнот меѓу двете страни.

АВСТРИЈА / СЛОВАЧКА - Австриската влада призна дека не успеала да го следи предупредувањето што го доби од Словачка минатото лето за лицето кое го изврши терористичкиот напад во Виена оваа недела. Словачката полиција на 4 ноември соопшти дека ги известиле своите австриски колеги оти осомничени лица од Австрија се обиделе да купат муниција во соседна Словачка, но не успеале во тоа.

САД - Тензиите се зголемуваат низ Соединетите држави, како што продолжува пребројувањето на гласачките ливчиња во неколку клучни држави, оставајќи го резултатот непознат повеќе од 24 часа по затворањето на избирачките места на претседателските избори.