Нови 1.275 позитивни на коронавирус, 13 починати

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 1.275 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.331 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 36.372 лица. Починати се 13 пациенти во изминатото деноноќие, еден вон, а сите други во болнички услови. Вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 1.084 лица.

Во моментов во земјава има 12.762 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 519, а потоа следуваат Прилеп со 75, Куманово 70, Тетово 85, Велес 47 и Битола 69...

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 262.446 тестирања на Ковид-19.