Османи: Соседите да бидат моторот, а ЕУ да не ја пропушти шансата

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи

Посакувам нашите соседи да бидат моторот, а не кочницата во нашиот процес на интеграција и заеднички да ги уживаме придобивките од политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќање на видео конференцијата посветена за Западен Балкан по 2020 година – акции и одлуки во време на пандемија.

„Ги повикувам нашите европски пријатели да го препознаат моментумот и да не ја пропуштат шансата да се финализира крајот на годината онака извонредно како што започна“, истакна Османи, кој имаше воведно обраќање на панелот посветен на процесот на пристапување во ЕУ и за политичката, економската и социјалната трансформација на регионот.