Берлински процес: Состанок на министрите за економија и ЦЕФТА во Софија

Софија

Во рамките на Заедничкото претседателство на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, денеска во Софија ќе биде одржан состанок на министрите за економија на кој ќе учествува и директорот на секретаријатот на ЦЕФТА Емир Ѓикиќ. Министерот за економија Крешник Бектеши, информираат од ЦЕФТА, ќе претседава со пленарната сесија за Заеднички регионален пазар, вклучително и Дигитална агенда и Подвижност на младите, додека неговиот бугарски колега Лачезар Борисов ќе претседава со пленарната сесија за Зелената агенда за Западен Балкан, вклучително и „Зелена економија“ и поврзаност – Иницијатива за проширување на зелените коридори кон соседните земји-членки на ЕУ.

Северна Македонија и Бугарија ќе претседаваат со Берлинскиот процес

Состанокот на министрите за економија во рамките на Берлинскиот процес, се вели во соопштението, уште од самото иницирање во 2014 година, стана добро воспоставена платформа за поттикнување на економската соработка и зајакнување на поврзаноста во регионот. За време на состанокот, исто така, ќе биде презентиран и проектот на ГИЗ за е-трговија во ЦЕФТА регионот.