Мас и Рот одат во карантин

Македонскиот вицепремиер Никола Димитров и германскиот министер за Европа, Мајкл Рот, на денешната средба во Брисел (22 септември 2020)

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ќе оди во двонеделен карантин поради средбата што ја имаше со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева и нејзиниот заменик Петко Дојков во Берлин во понеделникот, откако бугарското МНР денеска соопшти дека таа е во самоизолација, а Дојков бил позитивен на брз тест за ковид-19.

Во карантин ќе оди и министерот за Европа во германското МНР, Михаел Рот. Како што соопшти германското МНР, во изолација заминуваат и други вработени во министерството кои присуствувале на средбите. Првиот тест на Мас бил негативен на коронавирус.

Во соопштението на германското МНР воопшто не се споменуваат темата и учесниците на состанокот во понеделникот поради кои министерот заминува во карантин.

На средбата со Захариева во Берлин на покана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и на министерот за Европа Миахел Рот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи.

По извршената епидемиолошка проценка на ризик донесена е одлука вицепремиерот Димитров и министерот Османи да не одат во изолација.