Телефонски разговор Заев-Меркел

Премиерот Заев и германската канцеларка Меркел, архивска фотографија

Премиерот Зоран Заев телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија од Владата. Во телефонскиот разговор меѓу канцеларката Меркел и премиерот Заев беше споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, стои во соопштението.

Заев оценил дека Германија сторила многу за европската иднина на Западен Балкан.

Заев се заблагодарил за ангажман на германското претседателство со ЕУ, за личното вклучување на министерот за надворешни работи Хајко Маас, на државниот министер за ЕУ Михаил Рот, како и за личниот ангажман на канцеларката Меркел.

Заев и Меркел зборувале и за ковид-кризата.

Германија ги интензивираше дипломатските напори Софија и Скопје да зборуваат за македонскиот интегративен пат во ЕУ, по најавите на Бугарија за можен бојкот. Меркел претходно телефонски разговараше и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.