Мали шанси за вакцината од Оксфорд пред Божиќ

Мали се шансите потенцијалната вакцина против ковид-19 на Универзитетот во Оксфорд да биде готова пред Божиќ, изјави главниот истражувач Ендру Полард.

Тој вели дека е оптимист дека резултатите од доцната фаза на истражувањето може да бидат презентирани пред крајот на оваа година. Полард вели дека има придвижување во истражувањето на вакцината, но се уште не е дојдено до целта. Одделот за вакцини при Универзитетот во Оксфорд заедно со партнерот АстраЗенека се надеваат дека вакцините ќе има ефикасност повеќе од 50 проценти. На прашањето дали е може да се применува вакцината пред Божиќ, Полард одговори дека има мали шанси за тоа, но дека едноставно не знае.

На вакцина против ковид работат многу земји во светот.

Повеќе од 47 милиони случаи на заразени со новиот коронавирус се потврдени на глобално ниво, а досега се регистрирани над 1,2 милиони смртни случаи.