Трамп најави жалба, Бајден ги подготвува правните тимови

Луѓе ги следат резултатите од изборите во САД.

Од Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на изборите во САД Џо Бајден соопштија дека нивните правни тимови се подготвени да му се спротивстават на американскиот претседател Доналд Трамп ако тој реши да му се обрати на судот и се обиде да го запре броењето на гласови. Од штабот на Бајден ги оценија коментарите на Трамп како „безобразни, невидени и неточни“.

„Доколку претседателот ги исполни заканите и му се обрати на судот и се обиде да го спречи правилното пребројување на гласовите, имаме правни тимови кои се подготвени да се распоредат за да се спротивстават на тој потег“, изјавија од штабот на Бајден.

Како што велат од штабот на Бајден „ срамота е да се одземат демократските права на американските граѓани“.

Трамп претходно рече дека нема да дозволи изборна измама, и покрај тоа што резултатите од изборите не се готови и не достави докази за ваквото тврдење. Тој најави дека ќе покрене постапка пред Врховниот суд.