Во Авганистан ден на жалост

Архивска фотографија- Мохамед Рахад, една од 22 жртви на нападот во Кабул, кој беше погребан денеска.

Во Авганистан денеска е прогласен национален ден на жалост по убиството на 22 луѓе при вчерашниот напад на Универзитетот во Кабул. Повеќето од убиени беа студенти. Во нападот се повредни уште 27 луѓе.

Вчерашниот напад кој траеше неколку часови, е втор напад врз универзитетот во последните неколку недели. Во земјата е зголемено насилството и покрај тоа што талибанските милитанти и владините претставници одржуваат мировни разговори во Катар.

Одговорност за овој, како и за претходниот напад на 24 октомври презеде огранок на милитантната организација Исламска држава. Група демонстранти се собраа денеска пред Универзитетот во Кабул со барање да се прекине огнот. Тие ја повикаа владата да се повлече од мировните разговори сè додека не се прогласи траен прекин на насилството.