Од денеска полициски час во цела Грција

илустрација

Угостителските објекти, кафулињата, фитнес центрите, музеите, театрите од денеска се затворени во 27 региони во Грција што се во т.н. црвена зона, а во целата земја стапува во сила и забраната за движење, односно полициски час од полноќ до 5 часот наутро. Мерките што ќе важат за целата земја се: задолжителна маска и внатре и надвор; полициски час од полноќ до 5 часот наутро; задолжително најмалку 50 отсто работење од дома во државниот и приватниот сектор; задолжителни онлајн предавања за студентите и забрана за собири.

Регионална блокада на северот на Грција

Во цела Грција, остануваат отворени, продавниците за малопродажба и за храна, пазарите, фризерските салони, хотелите и училиштата и не е забрането движење меѓу регионите. Превозните средства во сите делови на земјата ќе функционираат со 65 отсто од капацитетот, а во црвената зона, дозволени се до три лица во патнички автомобил, додека пак за такси возилата е дозволен само еден патник. Новите мерки, што ќе бидат во сила еден месец. Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 40.929 случаи на Ковид-19, а починаа 635 лица.