Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

претседателот на Собранието Талат Џафери

Пратениците во македонското собрание денеска треба да ја продолжат расправата за вториот ребаланс на Буџетот во кој се планирани средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки во висина од 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19. Седницата, како што информира претседателот на Собранието Талат Џафери, продолжува во 12 часот. Власта и опозицијата, вчера на четвртиот ден од расправата продолжија со меѓусебните обвинувања за неопходноста на ребалансот и дали четвртиот пакет мерки ќе ги даде очекуваните резултати.

Четврти ден собраниска расправа за ребалансот на буџетот

Опозицијата смета дека власта не ја менаџира добро здравствената криза и оти пакетот мерки нема да ги даде очекуваните резултати, а за пратениците од мнозинството донесувањето на ребалансот е неопходно за да може што поскоро да им се помогне на граѓаните и на стопанството. Расправата во Собранието по ребалансот, според собранискиот Деловник, трае пет дена.