Белоруската полиција употреби солзавец против демонстрантите

Илустрација. Белорусија. Антивладин протест


Безбедносните сили во белоруската престолнина Минск употребија предупредувачки истрели и започнаа да ги приведуваат учесниците на денешниот најнов антивладин протест, кој претсавува притисок за нови претседателски избори, по спорните претседателски избори пред 12 недели.

Илјадници демонстранти учествуваат на паралелните маршеви во Минск денеска, кои се дел од речиси секојдневните протести и барања за оставка на Aлександр Лукашенко и за ново гласање.

Колони безбедносни камиони и автобуси во кои се носат притворените можеа да се видат низ градот, додека демонстрантите маршираа кон добро познатиот споменик на жртвите на репресијата од советско време. Групи демонстранти беа мета на рачни гранати, предупредувачки истрели во воздухот од органите на прогонот, како и солзавец и палки употребени за да растераат толпите.

Еден ден претходно, полицијата уапси десетици, додека стотици жени маршираа низ Минск за да го задржат притисокот врз Лукашенко, која организираше масовна акција и уапси илјадници откако властите го прогласија за победник на изборите на 9 август.

Циханускаја повика на национален штрајк во Белорусија

Повеќето од лидерите на опозицијата во земјата се уапсени или принудени да ја напуштат земјата, вклучувајќи ја и претседателската кандидатка Свјатлана Цихануаскаја, која од 26 октомври повикува на „национален штрајк“. Белорусија денеска делумно ги затвори сите свои копнени граници за странци во текот на ноќта. Овој потег поттикна шпекулации дека ограничувањата се политички мотивирани. Државниот граничен комитет на земјата соопшти дека тие се донесени за да се спречи ширењето на ковид-19.