Во Хрватска уште 2179 новозаразени и 16 починати

Илустрација.Корона вирус, Загреб.

Од тестирани 8.026 примероци – 2.179 нови случаи на коронавирус се потврдени во Хрватска, а 16 пациенти починале, во изминатите 24 часа,соопшти денеска Националниот штаб.

Со овие бројки Хрватска има вкупно 15.894 активни случаи.

Карантинот во Англија може да биде продолжен, вели министерот Гоув

Во Хрватска досега се евидентирани 51.495 лица заразени со новиот вирус, од кои 562 починале.

Опоравени се 35.039 лица, од кои 2.221 во последните 24 часа. Во моментов има 29.338 лица во самоизолација, а тестирани се 502.048 луѓе.