Нови 1085 ковид позитивни и 12 починати во Македонија

Илустрација

Во изминатово деноноќие регистрирани се 1085 новозаболени од Ковид-19 од 3294 тестирања, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).

Новозаразените се регистрирани во Скопје-447, Куманово-69, Дебар-9, Штип-39, Прилеп-60, Тетово-62, Струга-14, Велес-50, Битола-28, Охрид-18, Кавадарци-20, Гостивар-35, Гевгелија-29, Струмица-80, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-3, Кочани-13, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-6, Виница-4, Делчево-10, Кратово-4, Свети Николе-5, Кичево-30, Ресен-4, Неготино-12.

„Во последното деноноќие се регистрирани 12 починати пациенти. Другите се на возраст од 49 до 84 години. Сите починале во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од: Скопје-142, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-21, Велес-6, Битола-13, Кавадарци-18, Гостивар-6, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-10, Неготино-5“, соопшти МЗ.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 9847.

По објавувањето на последната статистика за Ковид-19, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека сега „има 1085 причини за министерот за здравство, Венко Филипче, со утре наутро да си поднесе оставка“. Откако почна вториот бран на Ковид-19, опозицијата секојдневно ги обвинува премиерот Зоран Заев и министрот Венко Филипче за бројот на заразени и починати и бара нивна оставка.