Достапни линкови

Најмалку 6 милиони евра за тестови за ковид -19 на приватно


Ковид-19
Ковид-19

Податоците на Инстититот за јавно здравје појакажуваат дека најмалку 110 луѓе не сакале да чекаат ред во државното здравство и дека за да дознаат дали се позитивни за ковид-19 платиле најмалку 6 милиони евра во приватните клиники и лабаратории.

Ако сакате во Институтот за јавно здравје да направите тест за ковид – 19 надвор од протоколите, односно да го направите приватно поради патување на пример за него ќе треба да платите 1850 денари. Од друга страна, ако сакате да направите во приватните болници и лабараториии ПСР тест и резултат да го добиете уште денеска за него ќе треба да платите најефтино 3 илјади денари или ако сакате резулат за два часа може да платите и 6 илјади денари. Зависи од длабочината на џебот и нервите за чекање на исходот од тестирањето.

Најефтината проверка на антитела односно дали некогаш сте биле заболен асимптоматски од коронавирусот речиси во сите приватни лабаратории чини околу 1500 денари, но честопати оди и во пакет со ПСР тестот за речиси илјада денари плус.

Податоците на Инстититот за јавно здравје појакажуваат дека најмалку 110 илјади луѓе не сакале да чекаат ред во државното здравство и дека за да дознаат дали се позитивни за ковид-19 платиле најмалку 6 милиони евра.

Од почетокот на пандемијата досега приватно се направени 114 илјади тестови од вкупно 238 илјади тестови на ниво на држава. Ако средната цена еден тест е најмалку 3.000 денари, тогаш македонските граѓани за приватно тестирање потрошиле 5 557 268 евра.

Реално оваа цена е поголема затоа што во одредени клиники тестирањето изнесува 4, 5 па и 6 илјади денари, а дополнително поради службени патувања многумина прават и приватно тестови во државните институции по што расте и вкупната сума.

Според последните податоци објавени на Институтот за јавно здравје лидер во изработката на тестови за корона вирусот е Жан Митрев Клиниката со над 30 илјади тестови од почетокот на пандемијата па досега. На второ место е Авицена приватната лабараторија со 29 130, а бронзата и припаѓа на Биотек лабараторијата со направени 24 042 додека Систина до сега направила 23 887 тестови.

Но, во овие бројки не спаѓаат податоците за контролните тестови, односно колку пари дале граѓаните за да можат да добијат два негативни теста, како што до неодамна се бараше за да може да излезат од изолација.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, само минатата недела, во перидот од 19 до 26 октомври, од речиси 14 илјади тестови вкупно 8 илјади се направени во приватни лаборатории и болници.

Приватно јавно партнерство и за тестови

Министерот за здравство Венко Филипче во понеделниот изјави дека власта размислува на некоја форма на приватно-јавно партнерство за тестирањето за коронавирус.

Филипче додаде дека веќе е разговарано со приватните лаборатории да помогнат и периодов ќе го следат текот на епидемијата дали со новите термини ќе се ублажи притисокот врз здравствениот систем. Во тек е постапката за набавка на брзи тестови.

„Набавуваме брзи тестови преку Светска банка, кои ќе чинат помалку од 1000 денари“, изјави Филипче.

Според него, тие ќе бидат наменети за сите болнички установи каде има потреба од брз тест за пациенти на кои треба да им биде дадена здравствена заштита. Тие ќе се платат од кредитот од Светка банка и ќе чинат околу 700 илјади евра.

„Таму каде што за пациентот веднаш треба да знаеме, врз основа на симптомите и проценка на клиничката слика, во кој дел од болницата треба да се лекува, дали му е потребен третман на Инфективна клиника или не. Воедно и дали и за друга патологија се лекува, можеби е асимптоматски носител, во чистиот или во делот којшто бара заштитна опрема на персоналот, појасни Филипче.

Поради бројните реакции на граѓаните дека плаќаат високи суми за тестирање на приватно, кои што се поскапи од референтната цена од Фондот за здравство која изнесува 1850 денари за тест, Филипче на собраниската седница за мерките за заштита на здравјето на населението апелираше приватните болници да го стават профитот на страна и да ги намалат цените.

Во периодот од 19 до 25 октомври тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, при што податоците од Институтот за јавно здравје незначително зголемување (5,9%) во однос на минатата недела.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG