Почина митрополитот Амфилохије

Митрополитот црногорски и приморски Амфилохије

Митрополитот црногорски и приморски Амфилохије почина изутрината во Клиничкиот центар на Црна Гора, објавено е на веб-страницата на Црнагорската митрополија. Шефот на клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Црна Гора Јелена Бојовиќ вчера изјави дека неговата здравствена состојба нагло се влошила во четвртокот, како резултат на пневмонија предизвикана од коронавирусот.

Митрополитот Амфилохије позитивен на коронавирусот

На митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора Амфилохије (82) му беше дијагностициран коронавирус на 6 октомври. Две недели подоцна, резултатите од тестот покажаа дека тој е негативен на коронавирус, но беше задржан на лекување поради пневмонија.