Помпео во посета на Виетнам

Државниот секретар на САД Мајк Помпео

Државниот секретар на САД Мајк Помпео денеска и утре ќе престојува во Виетнам како дел од неговата турнеја низ Азија, соопшти виетнамската влада. Со оваа посета, како што се наведува, ќе се одбележи 25-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји. Американскиот Стејт департмент не потврди дека Помпео ќе го посети Виетнам на својата турнеја.

Помпео: Комунистичката партија на Кина е предатор

Помпео пристигна на Малдивите во средата по посетите на Шри Ланка и Индија и денеска треба да одржи состаноци и во Индонезија. Портпаролот на Помпео одби да коментира за најавата за престојот во Виетнам. Смртоносни непријатели за време на Виетнамската војна во 1960-тите и раните 1970-ти, Виетнам и САД имаат значително потопли односи со извесни трговски тензии во последните неколку години.


Карајеу, кој е ставен под санкции на ЕУ за неговата улога во бруталната акција против демонстрантите сепак наведе дека не треба да се користи оружје против мирните демонстранти. „Ако некое лице изврши саботажа или терористички напад, нападне полицајци, се разбира дека тие мора да бидат запрени на кој било начин што му е на располагање на полицаецот - од физичка сила до борбено оружје“, рече тој. Белорусија е зафатена со секојдневни протести од претседателските избори на 9 август според кои Лукашенко, на власт од 1994 година, убедливо победил. Опозицијата и западните влади велат дека изборите биле наместени.