Повеќе пунктови за тестирање од Ковид 19

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Од денеска во близина на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, треба да биде отворено уште едно приемно одделение за Ковид – тестови со што ќе се забрза процедурата на земање брисеви и ќе се намалат гужвите, како и редовите на чекање.
Како што најавија министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, се планира и отворање пункт за корона-тестирање во Ѓорче Петров, а до крајот на неделава ќе се знае и дали ќе може да се прават КОВИД тестови во приватните лаборатории, на сметка на Фондот за здаравствено осигурување