Вархеји - Албанија да го почека мислењето на Венецијанската комисија за изборниот законик

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји побара од албанскиот Парламент да го почека мислењето на Венецијанската комисија околу изменетиот изборен законик без постигнат консензус.

Мислење околу ова прашање од комисијата побара претседателот Илир Мета, откако во петокот потпиша уредба со која законот го врати на повторно разгледување.

Вархеји на „Твитер“ напиша дека Венецијанската комисија ќе им даде навремени совети на партиите во врска со Кодексот и оти Парламентот треба да ги земе предвид при повторното разгледување.

„Парламентот треба да почека, да го разгледа овој совет и потоа да го стави на преразгледување на законот. Чекаме слободни и фер избори во април 2021 година, пишува Вархеји.

Иста порака до премерот Еди Рама упатил и европратеникот и известувач за Албанија во ЕП, Давид Лега.

Премиерот Еди Рама денеска претпладне изјави дека Изборниот законик, без никакви измени ќе биде изгласан на следната седница на Парламентот, додавајќи дека „никој не може да ја доведе во прашање волјата на Парламентот, најмалку Мета“.