Зеленски по локалните избори: Украина е засекогаш слободна

Зеленски на вчерашното гласање на локалните избори

По затворањето на избирачките места на локалните избори во Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се движи во вистинската насока. Тој на својот официјален фејсбук профил напиша дека „Украина има голем луксуз - слободни избори“.

Тој признава дека изборниот систем „сè уште не е совршен“, забележувајќи за „нечисти пари и нечесни медиумски ресурси“ кои сè уште влијаат на резултатите. Но, додаде дека Украина дефинитивно се движи во вистинската насока и секој слободен избор е „доказ дека Украина е засекогаш слободна“. Тој исто така рече дека верува оти Украинците ќе формираат одговорни и ефективни локални власти и вети соработка меѓу централните власти и локалните претставници.

Изборите беа првите што се одржаа според новиот Изборен законик со кој се децентрализира моќта на Киев од органите на локалната управа. Според анкетата на анкетната агенција „Рејтинг група“, неговата партија „Слуга на народот“ се очекуваше да добие само околу 17 проценти од вкупниот број гласови.