Косово: 186 заразени од Ковид-19

Косво.Ковид.

Бројката на починати од Ковид-19 на Косово се искачи на 663, откако двајца заразени пациенти починаа во последните 24 часа, јави МИА од Приштина.

Според Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 186 новозаразени, со што бројот на инфицирани лица изнесува 17.943.

На Косoво болеста досега ја совладале вкупно 15.088 лица, а моментно има 2.192 активни носители на вирусот.

Последната недела речиси двојно е зголемен бројот на испитаници според методот РТ-ПЦР во лабораториите на ИКШПК низ Коосво и тој секојдневно се движи околу илјада.