Во Хрватска втор ден по ред над 2 илјади заразени

Илустрација. Загреб.Корона вирус.

Во Хрватска денеска се забележани најмногу новозаболени од корона вирус во еден ден, дури 2.421, додека починаа осум пациенти.

Официјални здравствени претставници соопштија дека со најновата бројка, активните случаи се зголемија на 11.144. Од нив 825 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 58.

Во Хрватска рекордни 2.242 новозаразени и 16 починати

Хрватските медиуми, пак, денеска известија дека Клиничкиот болнички центар во Сплит распишалал конкурс за вработување на 300 медицински сестри, а досега се пријавиле само 14.

"На сите оддели во болницата има недостиг на медицински сестри, најпотребни се во одделите за интензивна нега и во ургентните соби, додека бројот на пациенти во болницата расте. КБЦ Сплит, исто така, се обиде да привлече медицински сестри со штотуку завршено училиште" објави весникот „Даламација“.