Изречени 846 казни за неносење маски на лице.

Луѓе со заштитни маски, Скопје, март 2020 година

Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 846 прекршоци за неносење заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Политичарите се караат, докторите апелираат- мерките час поскоро

Носењето маска е дел од мерките за справување со ковид-19. Засега важат правилата маска да се носи во затворен простор, а на отворено кога нема услови за одржување растојание меѓу луѓето. Комисијата за заштита од заразни болести даде препорака, а Владата ја прифати – да се носи и маска на отворено, но за да се применува таа мерка потребни се законски измени, кои се во собраниска процедура, а се очекува да бидат усвоени идната недела.